Difference between revisions 1161 and 1162 on mkwikimedia

[[Национален парк|Националниот парк]] [[Пелистер]] се наоѓа помеѓу [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]] и [[Пелагониска Котлина|котлината Пелагонија]]. Тое е прв прогласен национален парк на територија на [[Република Македонија]]. За национален парк е прогласен уште во ''[[1947]] година''. Површината на овој национален парк изнесува ''10.400 хектари''. Тој опфаќа дел од [[Баба|планината Баба]] и тоа највисокиот врв [[Пелистер]] (''2.601метар'(contracted; show full)
:* Мезозојските магматски карпи се јавуваат на источниот раб и централниот и југозападниот дел. Овие карпи претставуваат околу една половина од теренот ;
:* Ниаките периферни делови на планинскиот масив, како на [[Пелагониска Котлина|Пелагониската]] така и на [[Преспанска Котлина|Преспанската котлина]] се карактеризаат со комплекс на неогени седиментни и квартарни наслаги во вод на жолтоцрвени песоци, неогени чакали, меренски, флувоглацијални и алувијални наслаги.

Во тектонска с
лмисла, [[Пелистер]] претставува хрст, што од туристичка слисла има двојно значење. Тоа е извонреден едукативен пример во геоморфолошка смисла, така што посетителите можат доста да научат. Туристичкото значење се огледа и во тоа што овој типичен хорст претставува доминантен видиковец, од кој се протегаат величествени панорами. Погледот се протега мошне широко и досега до [[Јакупица|планината Јакупица]] на север, [[Селечка Планина|Селечката Планина]] и [[Кајмачалан]] на исток и кон [[Преспанско Езеро|Преспанск(contracted; show full)

Ваквите извонредни шуми и други флорисртични елементи во себе кријат големо богатство на животински свет. Меќу нив од туристичка гледна точка значајни се видовите на висок и низок дивеч. Скоро сите главни видови се застапени во овој национален парк.
Ловот во најголемиот дел од националниот парк е наполно забранет, така што како ловна зона е утврдена источната падина на [[Баба|планината Баба]]. [[Пелистер]] е прифатен во прелиминарниот список за вклучување во списокот на [[УНЕСКО]].