Difference between revisions 1162 and 1163 on mkwikimedia

[[Национален парк|Националниот парк]] [[Пелистер]] се наоѓа помеѓу [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]] и [[Пелагониска Котлина|котлината Пелагонија]]. Тое е прв прогласен национален парк на територија на [[Република Македонија]]. За национален парк е прогласен уште во ''[[1947]] година''. Површината на овој национален парк изнесува ''10.400 хектари''. Тој опфаќа дел од [[Баба|планината Баба]] и тоа највисокиот врв [[Пелистер]] (''2.601метар'(contracted; show full)ој типичен хорст претставува доминантен видиковец, од кој се протегаат величествени панорами. Погледот се протега мошне широко и досега до [[Јакупица|планината Јакупица]] на север, [[Селечка Планина|Селечката Планина]] и [[Кајмачалан]] на исток и кон [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], [[Галичица|планините Галичица]] и [[Јабланица]] на северозапад. Како на дланка може да се набљудува рамнината [[Пелагонија]] и да се ужива во боите од [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]].

Трегите на глацијалниот ре
љлјеф претставуваат туристичко кориозитетно атрактивно својство на овој национален парк. Тоа произлегува оттука што ретко каде се јавува вака изразените форми на оваа ерозија, кои се мошне пристапни. На овој простор се присутни циркови во кои се заезерила вода и на тој начин ги формирала [[Глацијално езеро|глацијалните езера]], потоа варовните долини кои се наоѓаат на страните на [[Пелистер]] и моренските флувиоглацијални наноси. Во таа насока посебно значење заслужуваат камените реки. Тоа се суводолици исполн(contracted; show full)

Ваквите извонредни шуми и други флорисртични елементи во себе кријат големо богатство на животински свет. Меќу нив од туристичка гледна точка значајни се видовите на висок и низок дивеч. Скоро сите главни видови се застапени во овој национален парк.
Ловот во најголемиот дел од националниот парк е наполно забранет, така што како ловна зона е утврдена источната падина на [[Баба|планината Баба]]. [[Пелистер]] е прифатен во прелиминарниот список за вклучување во списокот на [[УНЕСКО]].